Екипата на Шкендија славеше во дербито против Работнички од 4-2 во рамките од седмото коло од ПМФЛ и се искачи на врвот на табелата со бод предност пред Вардар кој одигра само 0-0 на гостивањето во Боговиње против Ренова.
Иако беа гости на стадионот во Ѓорче Петров, Шкендија заслужено славеше над Работнички, а вистински лидер на тимот беше Ферхан Хасани кој постигна хет-трик. Откако Баже Илијоски уште во 6. минута го донесе Работнички до предност, Хасани израмни во 22. минута.
Во второто полувреме Работнички повторно поведе со голот на Трајчевски, но Шкендија не се предаде и со три гола до крајот на мечот успеа да ги освои трите бода. Хасани со два гола во 60. и во 62. минута носи комплетен пресврт. Убедливата победа ја заокружи Вручина со голот во 72. минута.
Актуелниот шампион Вардар одигра слаб натпревар на жешкиот терен во Боговиње против Ренова. Избраниците на Гоце Седловски немаа решение кон голот за црвстата одбрана на домаќините која успеа до крајот на мечот да остане непоразена.
Резултати Прва лига седмо коло:
Ренова – Вардар 0-0, Работнички – Шкендија 2-4, Силекс – Шкупи 1-0, Хоризонт Турново – Металург 1-1, Брегалница – Младост Царев Двор 2-3/
Табела: Шкендија 18 бода, Вардар 17, Силекс 13, Младост ЦД(-1) 12, Шкупи 8, Работнички(-1) 7, Брегалница 6, Хоризонт Т. 6, Ренова 5, Металург 2 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.