| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовска во Вардар во следните 4 години

sarar

Една од најдобрите млади ракометарки кај нас, Сара Ристовска е нов член на ЖРК Вардар. Ристовска потпиша четиригодишен договор, а во „црвено-црниот“ табор пристигна од редовите на Металург.

Сара има 19 години и е сениорска репрезентативка на Македонија и капитен на младинската репрезентација со која летово настапи на Европското младинско првенство во Валенсија. Игра на позицијата десно крило и ќе им биде силна конкуренција во Вардар на Јованка Радичевиќ и на Олга Черноиваненко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top