Минатата година, кога за првпат беше остварена соработка меѓу Fashion weekend и Амбасадата на САД, дизајнерите ги претставија своите креации инспирарни од џез музиката.Главната цел на овој настан, кој има интенција да прерасне во традиција, е промоција на македонската модна индустрија од страна на Амбасадата на САД.
Американскиот амбасадор Пол Волерс кој беше домаќин на настанот, во таа прилика истакна дека Македонија има голем талент во модната индустрија кој треба да се искористи за проширување на други региони. Лично, укажувајќи им чест на дизјанерите ги читаше еден по еден и ги претставуваше пред публиката.
Амбасадорот Волерс и вечерва ќе биде домаќин на настанот „Pop! Fashion“.Судејќи според лани, се очекува присуство на голем број дипломати, политичари, бизнисмени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.