| четврток, 6 декември 2018 |

Конгресменот Смит до Амбасадата на САД во Скопје: Ако го прекршиле законот, мора да одговараат

bejli-stab

Американскиот републикански конгресмен Кристофер Смит најави истрага за политизирањето на улогата на американската амбасада во Македонија и повика дека амбасадорот и персоналот ќе одговараат ако зазеле страна во изборите.

– Ќе биде скандалозно ако нашиот амбасадор или некој од нашиот персонал во американската амбасада во Скопје фатил страна во последните избори или кои било избори во минатото, сега и во иднината, тоа воопшто не е фер. Ние сакаме да дојдеме до коренот на проблемот, ние ги немаме одговорите на овие прашања. Ние бараме да се направи истрага и ако тие го прекршиле законот, тие мора да одговараат – изјави Смит.

Крунски доказ за фaвoризирањето на СДСМ од страна на Џес Бејли и неговиот персонал е неговата слика пред штабот на СДСМ во Охрид, од која се гледа како тој со група активисти на партијата во предизборниот период стојат пред вратата на просториите на штабот.

Покрај Бејли, во друштво на лица од СДСМ  може да се забележи и раководителот на правен сектор во Амбасадата на САД, Кристина Каранакова, која е во често друштво на Цветанка Ласкова, претседателка на организацијата на жени на СДСМ.

bisera

Јавноста памети кога во медиумите минатата година излегуваа многу  информации и слики дека ќерката на Кристина Каранакова, Бисера Каранакова,  е чест посетител на протестите на „Шарената револуција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top