| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за скопјанец, се подбивал со диломат на САД

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Т.Т. (34) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на странска држава“.

Како што соопшти МВР, пријавениот во периодот од 14 до 16 април 2016 година од својот фејсбук профил во повеќе наврати на официјалната страна на профилот на „Фејсбук“ на Амбасадата на САД во Република Македонија објавил коментари со недолична содржина и испратил индиректни закани кон дипломатскиот претставник на САД во Република Македонија и кон неговото семејство со што јавно го изложил на подбив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top