| четврток, 6 декември 2018 |

На „Ало докторе“ за една година 51.700 повици

alo

Медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ (02/15 123) во изминатата недела побарале 1.175 лица. Од воведувањето на линијата, од 15 септември минатата година, досега се регистрирани 51.700 повици.

Линијата е достапна секој ден, 24 часа, со цел да се овозможи директна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. Од први септември линијата  e засилена со тројца нови специјалисти. Вкупно 25 доктори  се достапни за медицински совет за  јавувања  од граѓани од сите градови на Македонија, соопшти денеска ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Повиците се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто   за  кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус, алергиски реакции  и симптомна болка.

– На линијата  „Ало докторе!“ често се јавуваат граѓани за совети   поврзани  со терапијата  која  редовно ја  примаат за хроничните  болести  и за симптоми  поврзани со крвен притисок. На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  „Ало докторе“ им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија- се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top