| четврток, 6 декември 2018 |

Сензационално откритие: „Хомо наледи“, прв примерок на човечкиот род

8Научниците на југот на Африка откриле остатоци од досега непознат вид кој наликува на човек, кого го нарекле „хомо наледи“. Станува збор за 15 костури кои се најдени длабоко во пештера на југот на Африка, а научната студија сугерира дека „Хомо наледи“ припаѓа на ист род како и луѓето.

4Според коските, тие биле високи метар и половина, имале мал мозок колку портокал, исто како кај горилите, неразвиени рамења, но се сметаат во ист род како и луѓето заради одредени карактеристики и обликот на черепот.

5Ова сензационално откритие сѐ уште не дава одговор во кој период живееле, но се претпоставува дека се првите примероци на нашиот род кои живееле во Африка пред три милиони години. Научниците додаваат дека тие се еволуцискиот мост меѓу примитивните двоношци и луѓето.

1Професорот Крис Стринџер смета дека откривањето на „хомо наледи“ е од голема важност.

-Сѐ почесто гледаме дека природата експериментирала со еволуцијата. Тоа донело до неколку различни видови слични на човекот, кои потекнуваат од различни делови на Африка. Само еден вид преживеал и така настануваме ние – објаснува Стринџер.

2Научниците сега ќе истражуваат како се раѓале „хомо наледите“, како се развивале и со колкава брзина, потоа разликите меѓу мажите и жените во секоја фаза на нивниот развој, и како умирале. Тие не личат на ниеден вид примитивни луѓе кои биле најдени во Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top