Британски истражувачи го открија лицето на човекот, чие име е познато како Контекст 958, а кој живеел во 13-от век, пишува „Њузер“.
Експертите на Фестивалот за наука во Кембриџ претставија лице кое е реконструирано врз основа на коските на черепот. Тој бил низок по раст и живеел во сиромаштија.
Научниците неговото лице го реконструираа во рамките на проектот „По чумата“, кој се занимавал со истражување на скелети пронајдени во средновекововен гроб под една од зградите на Универзитетот во Кембриџ.
Телата кои поттекнуваат од периодот меѓу 1200 и 1400 година биле погребани сроти болницата „Свети Јован Богослов“.
Контекст 958 имал нешто повеќе од 40 години и силен скелет со оштетување, што најверојатно значи дека работел тешка физичка работа. За разлика од другите сиромашни современици, тој јадел месо и риба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Детали за трагедијата: Бебето било донесено во болница со скршен череп
-
Момче се залета да скокне од карпа без да погледне долу: Mу се случи трагедија (видео)
-
Тест за вашите скриени стравови: Што гледате прво на сликата?
-
Од денеска македонски и унгарски научници ќе го испитуваат составот и староста на Охридското Езеро