Научниците на југот на Африка откриле остатоци од досега непознат вид кој наликува на човек, кого го нарекле „хомо наледи“. Станува збор за 15 костури кои се најдени длабоко во пештера на југот на Африка, а научната студија сугерира дека „Хомо наледи“ припаѓа на ист род како и луѓето.
Според коските, тие биле високи метар и половина, имале мал мозок колку портокал, исто како кај горилите, неразвиени рамења, но се сметаат во ист род како и луѓето заради одредени карактеристики и обликот на черепот.
Ова сензационално откритие сѐ уште не дава одговор во кој период живееле, но се претпоставува дека се првите примероци на нашиот род кои живееле во Африка пред три милиони години. Научниците додаваат дека тие се еволуцискиот мост меѓу примитивните двоношци и луѓето.
Професорот Крис Стринџер смета дека откривањето на „хомо наледи“ е од голема важност.
-Сѐ почесто гледаме дека природата експериментирала со еволуцијата. Тоа донело до неколку различни видови слични на човекот, кои потекнуваат од различни делови на Африка. Само еден вид преживеал и така настануваме ние – објаснува Стринџер.
Научниците сега ќе истражуваат како се раѓале „хомо наледите“, како се развивале и со колкава брзина, потоа разликите меѓу мажите и жените во секоја фаза на нивниот развој, и како умирале. Тие не личат на ниеден вид примитивни луѓе кои биле најдени во Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Момче се залета да скокне од карпа без да погледне долу: Mу се случи трагедија (видео)
-
Очевидци тврдат дека Венус Вилијамс поминала на црвено, познато името на жртвата
-
Неверојатно: Женка ајкула се оплодила самата себеси во недостаток на мажјак
-
Научниците открија како изгледал човек кој живеел пред 700 години