Австралиските научници се шокирани кога женка зебра-ајкула донела на свет три млади по година проиминати во изолација без мажјак. Анализите покажале дека ајкулата, едноставно, во недостаток на мажјак, развила способност сама да се репродуцира.
Ајкула Леони 12 години живеела во аквариум со мажјакот Таунсвилу. За тоа време добиле 24 млади. Потоа ги разделиле и неа ја ставиле во посебен базен.
По четири години без мажјак, Леони одеднаш родила три здрави младенчиња.
Професорката Кристин Даџеон од Универзитетот „Квинсленд“ во Бризбејн прво се посомневала дека Леони на некој начин зачувала сперма од партнерот од нивниот последен однос и ја искористила да ги оплоди своите јајце-клетки.
Сепак, тестовите покажале дека младенчињата имаат само нејзина ДНК, што значи дека Леони постигнала асексуална репродукција.
– Иако вообичаено се размножуваат преку сексуалнен пат, одредени видови рбетници имаат способност за асексуална репродукција, наведува Њу сајентист. Такви се некои мисирки, змаеви од Комодо, змии и ражи.
Оно што ја прави единствена ситуацијата на Леони е тоа што асексуалната репродукција се појавува кај женки кои никогаш немале полови односи. Досега се евидентирани само два случаи – една ража и еден удав.
Научно објаснување има. Можност за самооплодување постои, но е далеку од идеална кога се работи за еволуција. Клетката поларно тело врши оплодување на јајце-клетките со генетски материјал на женката, но тоа ја намалува гентската разновидност и прилагодливност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.