| четврток, 6 декември 2018 |

Очевидци тврдат дека Венус Вилијамс поминала на црвено, познато името на жртвата

Тениската ѕвезда Венус Вилијамс предизвикала автомобилска несреќа во почетокот на месецот во која загина едно лице, а полицијата го објави името на човекот кој настрада.

Според соопштението на полицијата на Палм Бич Граденс, сведоците навеле дека Вилијамс помината на црвено светло на 9 јуни и предизвикала судир. Во несреќата е повреден 78-годишниот Џером Барсон, кој почина две недели подоцна.

Како што се наведува, сопругата на Барсон, Линда која го возела автомобилот на истражните органи им изјавила дека додека се приближувала на крстосницата кога се вклучило зелено светло и дека не можела да закочи на време. Линда имала тешки телесни повреди, а 37-годишната Вилијамс не била повредена.

Вилијамс изјавила дека имала зелено светло и морала за закочи на средина на крстосницата поради возилото кое било пред неа. Таа изјавила дека не го видела автомобилот на Барсон.

Градоначалникот на Палм Бил изјави дека несреќата се истражува, а против тенисерката нема поднесено обвинение.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top