Денеска со почеток од 18 часот во рамките на четвртото коло од групата Ц на Евробаскетот што се игра во Загреб, Македонија игра против Грузија.
Додека нашата репрезентација има шанси да се пласира во следната рунда меѓу 16.најдобри во Европа и со минимален пораз, грузијците се обидуваат да изнајдат начин како да победат по киксот против Холандија во првото коло, и катастрофалните порази од Грција и Словенија.
Селекторот Игор Кокошков со пофални зборови за нашите репрезентативци кој знае дека доколку им тргне шутот нема репрезентација што може да ги спречи.
– Знаеме дека поседуваме квалитет, но тоа не успеваме да го покажеме на теренот. Очајни сме, мораме да најдеме начин да ја победиме Македонија. Онаа трета четвртина со Грција ја одигравме перфектно, се надевам дека таа ќе ја врати неопходната самодоверба кај играчите. Мора да се игра подобро од она што ние го прикажавме на овие три средби, веќе се нема право на грешка и едноставно мора да се забележи победа – изјави селекторот Игор Кокошков.
Тој е свесен дека неговите избраници воопшто нема да имаат лесна задача, искажувајќи низа пофални зборови за македонската репрезентација.
– Македонија има изменет состав во однос на последните големи натпреварувања, но тоа сепак е квалитетна репрезентација. Имаат одлични шутери кои мора да се неутрализираат, одлично се движат во одбрана, а со нападите диригира одличниот Владо Илиевски. Можам да кажам само пофални зборови за нашиот следен ривал, но ќе повторам дека ние сме очајни конечно да прикажеме игра каква што се очекува од нас и да ги израдуваме нашите навивачи – порача Кокошков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.