Македонија денеска од 18 часот го игра клучниот меч за пласман во осминафиналето на Евробаскетот против добро познатиот ривал Грузија. Со победа ќе бидеме сигурни патници во втората рунда, а во некои варијанти ни одговара и пораз до пет поени разлика.
Грузијците се претпоследниот противник на нашата селекција во фазата по групи и тој меч беше најавуван и пред шампионатот како еден од клучните за да се мине првата фаза.
Ги победивме во Литванија во трилер меч со кошот на Лестер Бо Мекејлеб во последните моменти и потоа стасавме до завршницата и битката за медал.
Овој пат Грузија има посилен состав предводени од новиот член на Далас маверикс Заза Пачулија. И со уште неколкумина искусни волци на паркетите ширум Европа. Саникиѕе, Маркоишвили, Шермадини, Шенгелија и Цинцаѕе се прекалени играчи, а овојпат ќе имаат помош и од натурализраниот Американец Јакоб Пулен. И имаат одличен селектор со НБА педигре во Игор Кокошков. Според кошаркарските експерти Грузија го носеше епитетот на можно изненадување на шампионатот, но не игра според очекувањата и нанижа три порази на стартот од натпреварите. Особено изненадувачки оддекна првиот пораз од Холандија со 72-73.
Главна ѕвезда: Заза Пачулија
Новиот играч на НБА тимот Далас маверикс е срцето на репрезентацијата на Грузија. Лидер од кого многу се очекува на овој шампионат. Минатата сезона одигра одлично за Милвоки бакс, а во квалификациите беше најдобриот грузијски кошаркар со просек од 17,5 поени и 7,8 скока по меч. Во март годинава во дуел против Милвоки бакс забележа импресивен дабл-дабл учинок од 22 поени и 21 скок. По бројот на скокови на тој ме. Пачулија е рекордер во клупската историја на Милвоки бакс, а со 18 офанзивни скока на истиот меч забележа рекорд на сезоната во НБА лигата. Пачулија игра на позицијата центар, но со висина од 213 сантиметри одлично се снаоѓа и како високо крило.
Прва петорка: Цинцаѕе, Маркоишвили, Пачулија, Саникиѕе, Шенгелија. Селектор: Игор Кокошков
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.