Еден од најпознатите фудбалски навивачи на планетата, Мануел Касерес Маноло, или популарно „Ел бомбо“ пристигна во Скопје да ја бодри шпанската репрезентација на квалификацискиот меч против Македонија.
Ел бомбо, или тапанарот на шпански веќе има 66 години, а од 1978 година редовно ја следи шпанската репрезентација на сите натпревари. Маноло е родум од Валенсија, а љубовта кон фудбалот го принуди да го напушти и бизнисот и семејството за да може редовно да патува на сите натпревари на Шпанија и на домашен и на гостински терен. Маноло беше присутен и на претхо0дните два меча на Шпанија во Скопје во 1994 и 2009 година, кога им се радуваше на победите од 2-0 и од 3-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.