| четврток, 6 декември 2018 |

Рамос расположен за шеги: Нема прашања за забавата во Овиедо?

ramos

Серхио Рамос ја заврши прес-конференцијата на шпанските репрезентативци во Скопје во интересен стил, прашувајќи ги шпанските новинари дали има прашања за забавата во Овиедо.

„Нема прашања за забавата“, рече Рамос и со насмевка си замина од прес-центарот на националната арена „Филип втори“.

Во саботата навечер веднаш по победата на Шпанија против Словачка со 2-0 во Овиедо, дел од репрезентативците на „црвената фурија“ заминаа на забава во дискотека. Предвреме забавата ја напушти асот на Барселона Жерар Пике поради провокации од дел од гостите во дискотеката. Пике е на мета на шпанските навивачи кои го исвиркуваа за време на дуелот со Словачка, по изјавите со кои го понижи Реал Мадрид.

Репрезентативците на Шпанија и особено сегашните и поранешни играчи на Реал Мадрид предводени од Рамос и Касилјас бараа од навивачите да му простат на Пике и да не го исвиркуваат за време на мечевите на националната селекција.

Реакцијата на Рамос на крајот од прес-коференцијата во Скопје можете да ја погледнете на овој линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top