Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска ќе ја посети општина Теарце и ќе го означи почетокот на изградбата на една од четирите мали хидроцентрали што ќе ги гради компанијата СОЛ ХИДРОПАУЕР ДООЕЛ Скопје.
Со оваа компанија Министерството за економија има потпишано четири договори за концесија на вода, на водотекот на реката Бистрица, каде што веќе се почнати подготвителни активности за нивна изградба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.