Нема да дозволиме да се гради хидроцентралата „Луково Поле“, напиша на својот твитер профил албанскиот премиер Еди Рама, објави „Телма“. Во твитер пораката тој порача дека нема да дозволи да се реализираат проекти кои се спротивни на интересите на државата. Ваквата реакција на Рама следи по заканите на албанските екологисти дека ќе одржат масовни протести ако владата во Тирана ја поддржи идејата на Владата во Скопје за изградба на хидроелектрана во националниот парк „Маврово“.
И македонските екологисти остро се спротиставија на реализацијата на овој проект, со образложение дека тој е голема закана за животната средина. Од Министерството за животна средина во земјава информираа дека ги чекаат резултатите од студијата која треба да покаже какво би било влијанието на проектот врз животната средина и потоа ќе одлучат дали ќе одобрат негова реализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.