Пекинг почна со изградбата на хидроцентралата на река Јангце во автономниот регион Тибет. Централата ќе има капацитет за производство на струја од 1,2 милиони киловати, а годишно ќе произведува 5,4 милијарди киловати. Браната ќе боиде долга 112 метри и ќе има капацитет од 674 милиони метри кубни вода. Вкупната вредност за изградбата се проценува на 2,77 милијарди долари.
Се очекува централата да биде пуштена во употреба во 2021 година, со што би се поттикнал развојот на регионот на Тибет. Над 70 проценти од тој регион се занимава со сточарство и зависи од вода. Претходно, кинеските власти имаат издвоени 3,43 милијарди долари за водна инфраструктура во овој регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.