| четврток, 6 декември 2018 |

Црквата на албанските православни христијани изгради своја хидроцентрала

Албанската православна црква изгради и во употреба ја пушти првата хидроцентрала, која е нејзина сопственост објави „Религија.мк“.

Хидроцентралата е изградена североисточно од Тирана и може да произведува електрична енергија од 50 гигаватчасови. Изградена е со заем од Националната банка на Грција.

aa

Електричната енергија што ќе се произведува ќе биде продавана, а од тие пари ќе се финансираат просветните и социјалните институции на Албанската православна црква.

aaa

Официјалното пуштање во употреба го направил Архиепископот Анастасиј, со голем водосвет во присуство на стотици православни христијани од Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top