| четврток, 6 декември 2018 |

Србиновски одлучи кои 12 кошаркари ќе патуваат во Загреб

image-5a31a1cd0d041e28a4e8c1f0070a4ab6e0f3df1b82ea8d06bb1994fe078ab55f-V

Селекторот на македонската кошарска репрезентација на два дена пред тргнување за Загреб каде се игра групата Ц од Европското првенство го одреди конечниот список на репрезентативци со кои ќе им се спротивстави на противниците во групата.

Андреј Магдевски и Марјан Јаневски се двајцата кошаркари што не се најдоа на конечниот список на селекторот Марјан Србиновски. Очекувано популарниот Марче се одреди за двајца кошаркари од кои едниот ги покрива надворешните позиции, а вториот игра во рекетот.

Јаневски според многумина беше најблизу до отпаѓање од варијанта за настап на ЕП 2015, но затоа мало изненадување претставува „исклучувањето“ на Магдевски. Неофицијално, младиот плејмејкер уште пред синоќешниот тренинг побарал да биде изоставен од списокот, разочаран од улогата што ја има во репрезентацијата. Пред денешниот тренинг Магдевски имаше долг разговор со Србиновски, но ситуацијата очигледно не се променила, па младиот играч сепак нема да патува за Загреб.

Боите на Македонија на претстојниот Евробаскет ќе ги бранат: Владо Илиевски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Александар Костовски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Стојан Ѓуровски, Љубомир Младеновски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс и Бојан Трајковски.

Последните двајца од списокот, Хендрикс и Трајковски не тренираа на синоќешниот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“. Американецот воопшто не се појави, додека Бојан Трајковски има повреда и скршеница на носот, натпрварите на ЕП ќе мора да ги игра со заштитна маска што дополнително му преставува проблем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top