Уште една трагедија ја потресе Македонија. Вчера во 13.20 часот, во тетовската клиничка болница, без знаци на живот, било донесено шестнеделно бебе. Го донел неговиот татко Б.J. (26) од Тетово, кој утрото го однел бебето кај пензиониран педијатар во Тетово, бидејќи имало здравствени проблеми, објави телевизијата „Орбис“.
Педијатарот му дал одредена терапија, меѓутоа по неколку часа состојбата на бебето му се влошила и околу пладне тие повторно се вратиле кај педијатарот. Но, во тоа време тој бил отсутен, додека во соседната амбуланта, каде се обратиле за лекарска помош, констатирале дека детето е веќе починато.
Кога се вратил, таткото физички го нападнал пензионираниот педијатар, по што го однел бебето во тетовската клиничка болница. Во координација со јавен обвинител и по негова наредба, починатото бебе е дадено за обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)