Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Винсенте дел Боске одлучи кои фудбалери да ги повика за престојниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2016 година против Македонија што ќе се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје на големиот државен празник 8.септември.
Тој не остава ништо на случајноста и се одлучи со најсилниот расположлив состав да допатува во Македонија да се обиде да ги освои трите бода.
На него се наоѓаат сите ѕвезди на шпанскиот фудбал, како Андрес Иниеста, Серхио Рамос, Коке, Цеск Фабрегас, Диего Коста, Касилјас, Де Хеа… Ќе биде тоа голем спектакл на арената „Филип Втори“, а македонската селекција претходно ќе треба да игра и против Луксембург на гости.
На списокот на Висенте Дел Боске се најдоа следните фудбалери:
Голмани: Касилјас, Де Хеа, Рико.
Одбрана: Хуанфран, Карвахал, Пике, Рамос, Бартра, Аспиликуета, Жорди Алба, Бернат.
Среден ред. Бускетс, Мата, Коке, Фабрегас, Давид Силва, Иско, Казорла, Иниеста,
Напад: Педро, Алкасер, Витоло, Диего Коста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Македонците ќе имаат најкраток работен век во Европа
-
Македонија го започнува процесот на скрининг за преговорите со ЕУ
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)