| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот јазол не смее да биде решаван како дел од поголем пакет

Ве­ќе со го­ди­ни, дел од европ­ски­те дип­ло­ма­ти ја спо­ме­ну­ва­ат мож­ностa, по­ра­ди твр­ди­от од­нос на си­те грч­ки вла­ди и цр­ве­ни­те ли­нии што се по­ста­ве­ни кај јуж­ни­от со­сед, спо­рот за име­то да се ре­ша­ва не ка­ко би­ла­те­рал­но пра­ша­ње, ту­ку ка­ко дел од по­го­лем ре­ги­о­на­лен па­кет во кој би се вклу­чи­ле и дру­ги отво­ре­ни ре­ги­о­нал­ни пра­ша­ња кои се важ­ни за европ­ски­те, но и за гло­бал­ни­те по­ли­тич­ки и еко­ном­ски трен­до­ви

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Ми­на­то­не­дел­на­та нај­а­ва од Бел­град де­ка Гр­ци­ја би­ла при­ну­де­на од ме­ѓу­на­род­ни­те кре­ди­то­ри и од ЕУ да го приз­нае Ко­со­во ако са­ка да до­бие нов па­кет по­мош, ги зго­ле­му­ва стра­во­ви­те де­ка Ма­ке­до­ни­ја на­ско­ро би мо­же­ла да би­де при­ну­де­на да би­де дел од по­ши­рок ре­ги­о­на­лен па­кет во кој во исто вре­ме би се ре­ши­ле отво­ре­ни­те пра­ша­ња ка­ко што се ста­ту­сот на Ре­пуб­ли­ка Срп­ска, вла­де­ни­е­то на Се­вер­но Ко­со­во и на срп­ски­те оп­шти­ни, спо­рот за име­то Ма­ке­до­ни­ја, грч­ко-ал­бан­ски­от спор во Јон­ско­то Мо­ре бо­га­то со на­фта и гас, ки­пар­ско­то пра­ша­ње и конф­ли­ктот за дел од егеј­ски­те остро­ви ме­ѓу Гр­ци­ја и Тур­ци­ја.

До­кол­ку ин­фор­ма­ци­и­те на ко­сов­ски­те и на срп­ски­те ме­ди­у­ми се точ­ни, со ба­ра­ње­то Гр­ци­ја да го приз­нае Ко­со­во, Европ­ска­та уни­ја ќе на­пра­ви че­кор кон та­квиот на­чин на раз­мис­лу­ва­ње во кој, во рам­ки на еден конф­ликт вмет­ну­ва и дру­ги ре­ла­тив­но по­мал­ку важ­ни пра­ша­ња со цел да се иско­ри­стат по­зи­ци­и­те на не­моќ на дел од др­жа­ви­те и да се над­ми­нат нап­ла­сте­ни­те проб­ле­ми. И по­крај тоа што грч­ки­от ам­ба­са­дор во Бел­град твр­де­ше де­ка Гр­ци­ја не го ме­ну­ва сво­јот став за не­приз­на­ва­ње на Ко­со­во, се­пак, офи­ци­јал­на Ати­на со под­др­шка­та за влез на При­шти­на во ме­ѓу­на­род­ни­те ор­га­ни­за­ции и со отво­ра­ње на кан­це­ла­ри­ја за вр­ски, од­нос­но не­фор­мал­на ам­ба­са­да, де фа­кто ја приз­на најм­ла­да­та европ­ска др­жа­ва што и по­крај не­го­ду­ва­ње­то на Бел­град е до­бро за ре­ла­кси­ра­ње­то на од­но­си­те во ре­ги­о­нот.

Она што е чуд­но за Ма­ке­до­ни­ја, е пра­ша­ње­то зо­што Европ­ска­та уни­ја, ко­ри­стеј­ќи го ме­ха­низ­мот на при­ну­да за Ко­со­во, не по­ба­ра­ла од Гр­ци­ја да ја приз­нае и Ма­ке­до­ни­ја под устав­но­то име или ба­рем да при­фа­ти раз­у­мен ком­про­мис кој на две­те зем­ји би им дал мож­ност да твр­дат де­ка се по­бед­ни­ци во дол­го­го­диш­ни­от спор. Се раз­би­ра де­ка приз­на­ва­ње­то на Ко­со­во ни­ту од­да­ле­ку не е тол­ку емо­тив­но пра­ша­ње за грч­ки­те гра­ѓа­ни ка­ко што е пра­ша­ње­то за име­то на Ма­ке­до­ни­ја, ни­ту пак мож­но­ста на ЕУ да ба­ра но­ви кон­це­сии од Ати­на е исте­че­на, но, се­пак, очиг­лед­но е де­ка Ма­ке­до­ни­ја, ду­ри и да би­де дел од не­ка­ков сли­чен па­кет, ќе тре­ба да се отка­же и од не­што свое.

Ге­не­рал­но, на Ма­ке­до­ни­ја не ѝ од­го­ва­ра да би­де дел од по­ши­рок па­кет за ре­ше­ние на бал­кан­ски­те проб­ле­ми. Освен ира­ци­о­нал­ни­те проб­ле­ми со Ср­би­ја за цр­ква­та, со Бу­га­ри­ја за на­ци­о­нал­ни­те пра­ша­ња и со Ал­ба­ни­ја за тоа кој прв се на­се­лил на овие про­сто­ри, што е дел од по­ли­тич­ки­от фолк­лор, Ма­ке­до­ни­ја не­ма дру­ги те­ри­то­ри­јал­ни или еко­ном­ски спо­ро­ви со со­се­ди­те со кои ќе мо­же да тр­гу­ва. Со тоа и мож­но­ста за ма­не­вар и за тр­го­ви­ја во евен­ту­ал­ен па­кет за ре­ше­ние е зна­чи­тел­но на­ма­ле­на. Во отсус­тво на ви­стин­ски при­ја­те­ли на ме­ѓу­на­род­на­та сце­на и га­ран­ти кои ќе за­ста­нат зад нас во фер и пра­вич­но ре­ше­ние на име­то за Ма­ке­до­ни­ја, ка­кво би­ло впле­тку­ва­ње во па­кет за ре­ше­ни­е на проблемот ќе би­де аван­ту­ра. Од тој ас­пект, кри­ти­ча­ри­те на Бри­сел, кои од Гр­ци­ја ба­ра­ат приз­на­ва­ње на Ко­со­во, а не и ре­ше­ние на име­то, тре­ба да би­дат пов­ни­ма­тел­ни до­кол­ку не ги зна­ат си­те мож­ни сце­на­ри­ја, не­кои од нив цр­ни за Ма­ке­до­ни­ја. Ду­ри и Тур­ци­ја ка­ко единс­твен ма­ке­дон­ски при­ја­тел, кој и во НА­ТО и во дру­ги ме­ѓу­на­род­ни ин­сти­ту­ции и ор­га­ни­за­ции се­ко­гаш прин­ци­пи­ел­но е на стра­на­та на Ма­ке­до­ни­ја, не е во мож­ност да га­ран­ти­ра де­ка Ма­ке­до­ни­ја не­ма да би­де во по­зи­ти­ва од ва­ков раз­вој на на­ста­ни­те. При­тис­на­та од вна­треш­ни­те проб­ле­ми со курд­ско­то мал­цинс­тво, ди­рект­но вме­ша­на во во­о­ру­же­ни опе­ра­ции во Си­ри­ја и во Ирак, со­о­че­на со но­ви из­бо­ри во кои Ер­до­ган мо­же да го до­бие по­треб­но­то мно­зинс­тво, но мо­же и це­лос­но да ја из­гу­би кон­тро­ла­та на пар­ла­мен­тот, те­шко е да се прет­по­ста­ви ка­ко Турција би се по­ста­ви­ла кон ма­ке­дон­ски­те проб­ле­ми ако на ма­са­та се и дру­ги, за неа, ви­тал­ни пра­ша­ња.

(Текст објавен во 155. број на неделникот Република, 21.08.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top