Главните конкуренти за титулата оваа сезона во Македонија, Вардар и Шкендија беа далеку понадмоќни над своите противници Младост Царев Двор и Металург во рамките од третото коло на ПМФЛ.
Вардар буквално ја изрешета мрежата на новиот проволигаш постигнувајќи неверојатни шест гола.
„Црвено-црните“ од самиот почеток на мечот ја покажаа сета своја сила и моќ и по само девет минути игра успеа да го отвори резултатот со голот на Блажевски. Истиот фудбалер зголеми на 2-0, а до крајот на плувремето резултатот беше 3-0, а третиот гол го постигна Хамбарџумјан во самиот финиш од првиот период.
Во второто полувреме симпатизерите на Вардар на стадионот во Ѓорче Петров видоа уште три гола. Во 55.минута и Артак Дашјан се запиша меѓу стрелците, а истиот играч беше стрелец и на петтиот гол во 62 минута. До крајот на мечот дебаклот на Царев Двор го заврши Љамчевски со гол во 76 минута.
Шкендија исто така фуриозно стартуваше против Металург на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Во петтата минута, Бесарт Ибраими погоди за 0-1, а само четири минути подоцна Бесир Демири го удвои водството на Шкендија на овој меч. Третиот беше дело на Жуниор во 80 минута.
Резултати Прва лига трето коло:
Вaрдар – Младост Царев Двор 6-0, Металург – Шкендија 0-3, Хоризонт Турново – Силекс 0-0, Брегалница – Шкупи 1-2 Ренова – Работнички (одложен)
Табела: Вардар 7, Силекс 7, Шкендија 6, Шкупи 5, Турново 4, Работнички 3 (-1), Брегалница 3, Младост Ц.Д. 3, Металург 1, Ренова 0 (-1).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



