| четврток, 6 декември 2018 |

Месут Мешишовски е македонскиот полицаец-херој, чии фотографии го обиколија светот

Фотографијата на млад полицаец кој му помага на дете бегалец го обиколи светот. Социјалните мрежи и медиумите се полни со пофални зборови за човечноста на 26-годишниот Месут Мемишовски од прилепското село Канатларци. Пред камерата на телевизијата „Сител“, Месут скромно им се заблагодарува на сите кои го пофалиле и вели дека тој само си ја извршувал својата должност.

policaeeec

-Во тој момент кога дојде малото дете да се доближи околу мене, јас заборавив и на работа и на вера и на нација. Само сакав да му помогнам, да му дадам вода. И сигурен сум дека кој и да беше во ваква ситуација од моите колеги би постапил исто, вели тој.

 

Месут реагира на лажните информации во дел од медиумите дека полицијата била насилна со мигрантите. Напротив ситуацијата е сосем спротивна, а полицијата прави се за да им помогне на нивниот пат.

-Во секоја минута, во секој момент доаѓаат мигрантите не прашуваат: Дали може да ја поминеме границата? Ние се враќаме со вода, дел од јадењето што ни припаѓа нас, од МВР. Делиме со нив. Тие ни велат: Good Police Macedoniea!, потенцира Мемишовски.

По краткиот разговор, дипломираниот полицаец Месут отиде на граничната линија да је преземе својата смена. Вели дека се надева оти кризата ќе заврши побрзо и тој ќе сврати на своите редовни должности во СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top