Осумгодишниот Ахмед можеби е едно од многуте примери на нехуманата страна на војната. Ова дете остана сирак откако двајцата родители му загинале за време на ракетен напад во сирискиот град Алепо, а денес живее заедно со бунтовниците и се бори против режимот на Башар ал Асад во првите борбени редови. Неговите фотографии и видео снимки го обиколија светот откако ги објавија бројни светски медиуми.
– Дојдов овде да му помагам на вујко ми и неговите другари затоа што немам друг избор. Нема училиште, семејството ми загина. Што друго можам, раскажува детето.
Мајка му и татко му, кој бил борец во бунтовничката Слободна сириска армија загинале во минофрлачки напад во квартот Салахедин. Овој кварт веќе неколку месеци е на линијата на фронтот и претставува единствено игралиште за Ахмед.
– Овде секогаш има што да се прави. Никогаш не ми е досадно. Борбите од минатата година доста се смирија. Претходно имаше повеќе минофрлачки напади, но снајперистите се уште се голем проблем, раскажува Ахмед додека вовлекува дим од цигара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


