Доскорешниот македонски селектор Александар Џикиќ е во Охрид и најверојатно ќе го следи турнирот на кој македонската репрезентација ќе ги почне подготовките со натпревари за Европското првенство во септември.
Џикиќ е меѓу најзаслужните за пласманот на Македонија на ЕП, откако со сосема нов тим и без главните ѕвезди го предводеше успешно новиот бран на репрезентативци во квалификацискиот циклус. По пласманот на ЕП, српскиот стратег беше сменет од новото раководство предводено од новиот претстедател на КФМ, Петар Наумоски и беше избран нов селектор, Марјан Србиновски.
Утре Македонија игра против Израел, меч што Џикиќ речиси сигурно ќе го следи од трибините и ќе им посака среќа на ЕП на своите доскорешни избраници.
На 8 август Македонија ќе игра со Украина, а потоа играме со Израел повторно, но во Скопје и со Венецуела во Гевгелија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.