Македонската дијаспора е значаен чинител во политичкиот, економскиот и културниот живот на државата и затоа Владата секогаш силно се залага за дијаспората, истакна вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски на денешната традиционална семакакедонска средба во потпелистерското село Трново.
На народниот собир во Трново, Пешевски посочи дека обединувањето на Светската македонска иселеничка средба и пограничната средба на Македонците од егејскиот дел на Македонија покажа дека македонскиот народ се обединува и дава дополнителна тежина на чествувањето на најголемиот национален празник на сите Македонци од целиот свет – Илинден.
– Овие денови актуелно е прашањето за правото на глас на Македонците од дијаспората. Ве уверувам дека Владата силно ќе се залага дијаспората која брои околу половина милион лица, да го задржи своето право за избор на сопствени претставници во македонскиот законодавен дом. Ова право е природно стекнато право, а и потполно го заслужува, со својот континуиран придонес особено кон подобрувањето на економската состојба на земјата, истакна Пешевски.
На семакедонската средба во Трново, вицепремиерот Владимир Пешевски потсети дека лицата од дијаспората учествуваат во политичкиот живот на матичната држава во повеќе од 120 земји во светот и на тој начин со пратениците од дијаспората се засилува врската меѓу матицата и граѓаните низ светот.
– Во наредниот период од преговорите за изборниот модел ќе инсиститираме за унапредување на начините за спроведување на избори со цел да ја подобриме излезноста на нашите граѓани во странство, односно да ја олесниме и поедноставиме можноста на нашите иселеници да може да го остварат правото за глас, нагласи Пешевски.
Осврнувајќи се на економските состојби и инвестициските активности во државата, потпретседателот на Владата истакна дека во изминатите години се постигнуваат исклучителни резултати во развојот на економијата и државата стана вистински инвестициски рај за странските компании.
– Огромен придонес во привлекувањето на странските инвестиции и создавањето на поволна бизнис клима имаат токму министрите од дијаспората кои се докажани професионалци но и големи патриоти, а патриот е оној човек која ја сака сопствената земја, речеПешевски.
Честитајќи гоголемиот македонски празник Илинден вицепремиерот Пешевски потврди дека Владата на Република Македонија ќе продолжи да се грижи за своите граѓани каде и да се наоѓаат, ќе гради пријателски односи со земјите од соседството и како што рече ќе продолжиме да се бориме за правата на Македонците во Албанија, Бугарија, Грција, Србија но и во останатите земји во светот, не за да бидеме посебни, туку да бидеме рамноправни со сите други, затоа што тоа го заслужуваме.
Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров на собирот во Трново ја прочита Семакедонската илинденска декларација која содржи 14 точки и ќе биде испратена до повеќе меѓународни и домашни институции.
Во врска со правото на глас на македонската дијаспора при изборот на пратеници во македонскиот законодавен дом, Петров рече:
– Бараме Владата и Собранието на Република Македонија да ги отфрлат барањата за укинување на избирачкиот список и изборните единици 7, 8 и 9 за македонските државјани кои се на привремена работа или престој надвор од републиката и бараме електронско пријавување и гласање замакедонските државјани во светот, соопшти Тодор Петров.
44. Светска македонска иселеничка средба и 35. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ја поздравија градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и организаторите – Матица на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија-Битола, Сојузот на Македонците од Егејот-МАКЕДОН, а ја благослови митрополитот Европски Пимен кој истакна дека собирот во Трново е пример за сплотеност во Македонија и целата дијаспора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Журнал: Убиецот од Швајцарија активист на СДСМ во дијаспората и близок пријател на Заев
-
Трошок за иселениците: За тригодишен престој на родител во Австралија ќе се плаќа 5 000 долари