| четврток, 6 декември 2018 |

Сефте за Седлоски како кормилар на Вардар

Гоце Седлоски денеска го одржа првиот тренинг со екипата на Вардар, по назначувањето за нов кормилар на „црвено-црните“.

Македонскиот репрезентативец со најмногу настапи во дресот со националните бои и единствен што ја поминал стотката добро го познава играчкиот кадар бидејќи досега беше спортски директор на Вардар.

– Со многумина од играчите добро се познавам. Тука сум во Вардар од лани прво како спортски директор и сум запознаен со нивните квалитети, а со дел од нив бев и во репрезентацијата и како играч и потоа како тренер. Знам секој што може и колку може. Заедно со моите соработници ќе се обидеме да ја подигнеме уште повеќе формата на играчите и да влеземе подготвени во првенството. Што се однесува до засилувања, може до почетокот на сезоната да добиеме уште еден или двајца нови играчи – изјави Седлоски.

Вардар ја брани титулата од лани, но има амбиции да го врати и трофејот од националниот куп во своите витрини и следната сезона посериозно да атакува на пласман во фазата по групи во ЛШ, или ЛЕ.

sedlo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top