| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе биде жешко во Скопје, на македонската национална гордост Вардар му гостува АПОЕЛ, клуб на Грците од Никозија

APOEL-Vardar

Ќе биде жешко вечерва на „Филип втори“ арена во Скопје во вториот и завршен чин од квалификациската фудбалска претстава меѓу Вардар и АПОЕЛ на патот кон Лигата на шампионите.

На мегдан ќе излезат најголемиот македонски спортски миленик Вардар и гордоста на Кипар, АПОЕЛ, или како што во превод значи фудбалскиот клуб на Грците од Никозија.

Двете екипи и реваншот го почнуваат од нула, поточно со резултат 0-0, а овојпат Вардар ќе ја има поддршката од публиката. Вечерва се очекува да има над 20 илјади бучни навивачи на „црвено-црните“, што е мотив плус да се успее. Вардар досега на двапати играл со кипарски клубови и по еднаш бил успешен, односно елиминиран.

Денеска од 20 часот се игра за голем влог, за пласман во третата рунда и голем чекор напред кон сонот наречен настап во групната фаза во ЛШ. Вардар досега никогаш не настапувал во тој сегмент, а АПОЕЛ играл трипати во завршницата од елитното натпреварување.

Победникот од овој меч ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Митјиланд од Данска и Линколн од Гибралтар. Првиот мечп во Данска заврши со резултат 1-0 за домаќините. Екипите што ќе успеат да го минат третото квалификациско коло ќе играат плејоф, што е последен двомеч пред пласман во ЛШ, а и елиминација во таа фаза гарантира настап во групите во Европа Лигата на УЕФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top