| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите поделија 30 илјади евра награда за пласман на ЕП во Полска 2016

Rakomet Makedonija Grcija 05 (Custom)

Репрезентативци на Македонија во ракомет поделија премии во вкупна вредност од 30.000 евра, по остварениот успех и обезбеденото учество на ЕП 2016 во Полска. Денеска РФМ им ги исплати парите за освоеното второ место во квалификации и за пласманот на нов европски ракометен самит, идната година. Истата сума им беше исплатена на репрезентативците и за пласманот на СП во Катар годинава.

Ракометната Федерација на Македонија денес ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на ЕП Полска 2016. Ова ќе биде четврти настап на македонските машки сениори на големите континентални натпреварувања –стои во соопштението на Ракометната Федерација на Македонија.

Македонскиот национален тим е во групата Б на овој европски шампионат, заедно со селекциите на Полска, Франција и на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top