| четврток, 6 декември 2018 |

Од АПОЕЛ порачуваат: Ова е како финале на ЛШ за нас

Реваншот со Вардар за нас е како финале на Лигата на шампионите и ние мора да се пласираме во следната рунда. За АПОЕЛ императив е да се игра во фазата по групи во ЛШ. Не се плашиме од публиката, ниту од атмосферата. Теренот е далеку од трибините и нема да чуствуваме никаков притисок. Клубот има професионални фудбалери, што се навикнати да играат во секаков амбиент. Се надеваме дека ќе нема провокации, но и тоа нема да не спречи да го елиминираме Вардар, велат од таборото на АПОЕЛ.

Кипраните во последните 6 сезони, дури 5 пати играа во фазата по групи или на Лигата на шампионите, или во Европа Лигата на УЕФА и се поискусни од Вардар во тој поглед. Македонскиот првак досега не бил во позиција да игра во завршницата на еден од двата европски луксузни фудбалски системи, но има меч топка пред своите навивачи, бидејќи првиот меч во Никозија заврши нерешено 0-0.

Реваншот се игра утре од 20 часот на „Филип втори“ арена во Скопје.

APOEL-Vardar

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top