| четврток, 6 декември 2018 |

Лековито растение за кое има голема побарувачка

Гравиолата (Annona muricata) е зимзелено растение, кое потекнува од Латинска Америка и веќе стотина години се користи како лек за разни здравствени тегоби. Во поново време гравиолата како додаток во исхраната се користи за дополнување на класичната медицинска терапија кај карциномите. Гравиолата може да се одгледува во кој било дел на Р. Македонија во пластеници со греење, во контејнери или директно засадена во земја

Тие што ќе се одлучат за производство, сигурно можат да го продадат целото производство и неколку години однапред затоа што производството во Јужна Америка не може да задоволи ниту 30 проценти од светската потреба, а интересот за ова чудотворно растение секој ден е сѐ поголем. Гравиолата потекнува од Средна Америка и е приспособена за подрачја со висока влажност и релативно топла зима. Температура пониска од 5 Целзиусови степени ќе предизвика оштетување на листовите и на малите гранки, а температура под 3 степени може да биде фатална.

graviola-2

Вкусот потсетува на комбинација од јагода и ананас, со кисела нота на цитрус. Овошјето се состои од бело влакнесто месо и јадро на несварливи, црни семки. Слаткото месо се користи како свеж сок, шербет, за производство на бонбони и сладолед. Плодовите се зелени, долги преку 20-30 см, бодликави и можат да достигнат и до 7 килограми, а се одгледуваат комерцијално. Плодовите се јадат кога се зрели, по директна берба од стеблото или се берат полузрели и се оставаат да созреат во темна просторија. Гравиолата има бел цвет со многу пријатен мирис, особено во раните утрински часови.

Нутриционистички, плодот е со многу висока концентрација на јагленохидрати, посебно фруктоза, а содржи и значајна количина витамин Ц, Б1 и Б2.

graviola-3

Главната важност на ова растение е неговата силна ефикасност во борбата против ракот. Иако се користи во превенција на низа здравствени состојби, најголема ефикасност дава на антитумор ефектот. Ова растение е докажано како лек за сите видови рак, а има и антимикробен агенс со широк спектар на бактериските и габичните инфекции и е ефективно против внатрешните паразити и црви, го намалува високиот крвен притисок и се користи против депресија, стрес и нервно нарушување. Гравиолата во борбата со карциномот во организмот не предизвикува екстремни мачнини, губење на тежината и губење на косата.

graviola-4Гравиолата го штити имунолошкиот состав и помага во избегнување смртоносни инфекции, особено го зајакнува телото низ периодот на лекување и ја подобрува животната енергија. За разлика од хемотерапијата, секрет изваден од стеблото на гравиола ги убива само клетките на ракот и не предизвикуваат никаква штета на здравите клетки, како што е случај кај хемотерапијата.

Разните делови од стеблото на гравиолата, вклучувајќи ја и кората, листовите, корењата, плодот и семките, со векови се користат во медицината за лечење болести на срцето, астма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top