Тие што ќе се одлучат за производство, сигурно можат да го продадат целото производство и неколку години однапред затоа што производството во Јужна Америка не може да задоволи ниту 30 проценти од светската потреба, а интересот за ова чудотворно растение секој ден е сѐ поголем. Гравиолата потекнува од Средна Америка и е приспособена за подрачја со висока влажност и релативно топла зима. Температура пониска од 5 Целзиусови степени ќе предизвика оштетување на листовите и на малите гранки, а температура под 3 степени може да биде фатална.
Вкусот потсетува на комбинација од јагода и ананас, со кисела нота на цитрус. Овошјето се состои од бело влакнесто месо и јадро на несварливи, црни семки. Слаткото месо се користи како свеж сок, шербет, за производство на бонбони и сладолед. Плодовите се зелени, долги преку 20-30 см, бодликави и можат да достигнат и до 7 килограми, а се одгледуваат комерцијално. Плодовите се јадат кога се зрели, по директна берба од стеблото или се берат полузрели и се оставаат да созреат во темна просторија. Гравиолата има бел цвет со многу пријатен мирис, особено во раните утрински часови.
Нутриционистички, плодот е со многу висока концентрација на јагленохидрати, посебно фруктоза, а содржи и значајна количина витамин Ц, Б1 и Б2.
Главната важност на ова растение е неговата силна ефикасност во борбата против ракот. Иако се користи во превенција на низа здравствени состојби, најголема ефикасност дава на антитумор ефектот. Ова растение е докажано како лек за сите видови рак, а има и антимикробен агенс со широк спектар на бактериските и габичните инфекции и е ефективно против внатрешните паразити и црви, го намалува високиот крвен притисок и се користи против депресија, стрес и нервно нарушување. Гравиолата во борбата со карциномот во организмот не предизвикува екстремни мачнини, губење на тежината и губење на косата.
Гравиолата го штити имунолошкиот состав и помага во избегнување смртоносни инфекции, особено го зајакнува телото низ периодот на лекување и ја подобрува животната енергија. За разлика од хемотерапијата, секрет изваден од стеблото на гравиола ги убива само клетките на ракот и не предизвикуваат никаква штета на здравите клетки, како што е случај кај хемотерапијата.
Разните делови од стеблото на гравиолата, вклучувајќи ја и кората, листовите, корењата, плодот и семките, со векови се користат во медицината за лечење болести на срцето, астма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно
-
УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности