Македонките првото дете го раѓаат на 28 години. Ова е просекот според најновите податоци од Државниот завод за статистика.
Жените од градовите стануваат мајки на 29, а оние од село на 27 години. Според гинеколозите земјава полека се доближува до европскиот просек кој се движи околу 30-тата година.
-Последната статистика од европската заедница просечната вредност на породување е 29-30 години. Најрана возраст кога се породуваат со прво дете имаат Бугарките и Романките, а најдоцна околу на околу 31 година во просек се породуваат Италијанките и Шпанките. Сега веќе просечната возраст е поместена, пред 15 години беше 25-27 години, а сега е 29-30 години. Што е сосема нормално и е одлика на развиените земји, изјави д-р Татјана Гуржанова, гинеколог.
Гинекологот д-р Гуржанова додава дека возраста за прво дете е поврзана со стилот на живот. А секоја бременост под 18 и над 40 години е ризична.
-Можни се голем број на компликации од предвремено породување, аномалии на плодот,покачен притисок на трудницата итн., додава д-р Гуржанова.
Гинеколозите тврдат дека Ин витрото е една од причините за зголемување на границата за раѓање прво дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија