| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ и официјално во Фенербахче

pero anticМакедонскиот кошаркар Перо Антиќ и официјално е нов член на турскиот тим Фенербахче.

Ова беше познато уште пред два дена, но сепак договорот не беше официјализиран. Турскиот тим Фенербахче Улкер на својата официјална интернет страница потврди дека постигнале договор со македонскиот центар.

Перо Антиќ потпиша двегодишен договор, со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона.

Во изминатите две години Антиќ го носеше дресот на НБА тимот Атланта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top