Марко Џамбазоски, студент на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на катедрата за филмска и ТВ монтажа и музичар во алтернативниот рок-бенд „Визија“, неодамна направи краткометражен документарен филм „Мизар – ѕвезда на надежта“.
Приказната на филмот ги обработува почетоците на „Мизар“ и трнливиот пат, во кој од обичен гаражен бенд, групата станува една од најзначајните музички состави во историјата на македонската рок-култура. Во филмот се користени, главно, досега необјавени аудио и видеоматеријали од бендот, од кои еден дел се демо-снимки, а други се земени од архивата на МРТВ.
Целокупната приказна во филмот е базирана на сеќавањата на членовите на „Мизар“ од тој период, и тоа на Горазд Чаповски, Панта Џамбазоски, Горан Таневски, Илија Стојановски и Слободан Стојков.
Сценариото, монтажата и режијата се на Марко Џамбазоски, а снимател е Александар Ристески, студент на катедрата по филмско и ТВ снимање. Филмот досега бил дел од неколку интернационални филмски фестивали, како што се:
Стариград Пакленица (Хрватска), ДОРФ (Хрватска), Скопскиот филмски фестивал (Македонија), Македокс (Македонија), КРАФ (Србија), Ориго (Србија), Зајечарска гитаријада (Србија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ирма Башеска Ристовска, режисерка: Не беше само процес на снимање, туку и процес на запознавање на уште една страна на мојот татко
-
Вечерва „Крафтверк“-Поп арт на Зимскиот фестивал Скопје синема сити
-
Документарниот филм за Дејвид Боуви доаѓа набрзо!
-
„Трст, Југославија“: Снимен докуметарец за златното доба на шопинг-меката во 60-те и 70-те години