Овие денови во Хрватска во кино-салите се прикажува документарниот филм „Трст, Југославија“ кој низ сведочења и драгоцени архивски материјали го истражува златното доба на Трст, како своевидна шопинг-мека од 60-те и 70-те години на минатиот век. Филмот е на италијанскиот документарист и режисер Алесио Бозер, роден во Трст. Бозер во филмот ги соочува двата погледи – од една страна во филмот говорот Горан Бреговиќ, Раде Шербеџија, Славенка Дракулиќ, Иво Банец, а на друга страна се сеќавањата на бројните жители на Трст, 0д локални хроничари, обични граѓани и дуќанџии кои најмногу профитираа во тие години, пишува „Јутарњи лист“.
Во филмот гледаме река народ која се „стиска“ пред менувачници да размени пари и да купи фармерки, а филмот ја прикажува и класната поделеност меѓу „искуството во Трст“. На една страна се интелектуалците – режисери, писатели и архитеки кои одат во Трст да се напијат еспреси „Или“ и да видат нов филм, а на друга страна се колона шопингувачи ои купаат работи кои во тоа време ги нема во Југославија. Југословените во тоа време во Трст купуваат кафе, пелени за деца, тестенини, делови за кола, облека, а најмногу фармерки.
Филмот во детали раскажува за методолоијата на шверцот и како тој се одвивал. Во филмот гледаме како шверцерите облекуваат десет пара фармерки и како ја поминуваат границата рано наутро во пет часот, на запрежна кола.
Бозер со иронија го тематизира и взаемниот трансфер на завист меѓу двете страни на границата.
– Тие доаѓаа да го купуваат нашиот путер тврдејќи дека е подобар бидејќи е бел, а нашите одеа таму за да го купат нивниот путер бидејќи бил жолт и поквалитетен – раскажува еден жител на Трст.
Трст беше местото каде што капителизмот и социјализмот соработуваа како никаде на друго место во 60-те и 70-те години на минатиот век.
За неколку генерации Југословени Трст беше прозорец кон Западот. Од почетокот на 60-те кога Југословените почнаа слободно да патуват, па се до 80-те, Трст беше шопинг-мека за жителите на мртвата федерација. Во тоа време, во пограничниот град секој викенд пристигнувале 100 ијлади прекугранични гости. Секој викенд во Трст беа паркирани 500 југословенски автобуси, а продавниците во Трст редовно се рекламирале во загребските и белградските весници. Според службеници информации Југословените годинишно во Трст оставале меѓу 200 и 500 милијарди лири. Искуството шопинг во Трст за таа генерација е формативно искуство на средната класа. За него пишува и Славенка Дракулиќ. Еден пограничен град, оптоварен со сите гранични комплекси на егзил, национализам и кеснообија, преку ноќ ќе почне да живее од служење на „непријателот“. Во студената Европа се направи дупка во ѕидот, а таа дупка беше кај Сежана, Базовице и Фернетиќ.
Филмот на Бозер се занимава и со еден дискуср кој многу често се спомнуваше во Југославија и кој се памти како „капитализам подобар од капитализам“, односно за општество кои има социјална сигурност и во кое убаво се живее. Во 60-те и 70-те години Југославија навистина има висока стапка на раст и висока вработеност, а тие се последица кон желбата за економска независност. Оваа „бајадера-социјализам“ сепак, има пукнатини. Работниците кои работеа во фабриките сакаа убави чевли, убави апарати за домаќинство, убаво кафе, а не тоа што го имаа дома. Сакаа „преку леб погача“ и беа подготвени да патуваат десет саати со автобуст за да купат нешто убаво. И токму таа желба ја сруши Берлинскиот ѕид. Денес, сега веќе поранешните работници имаат убави апарати дома и јадат песто џеновезе, но немаат фабрики и работни места.
Бозер не се занимава премногу со овие парадокси. Него го интересира животот во Трст и лудилото на Понте Роса. Го покажува она што се случува во градот во 60-те години кој бил на умирање, демографски стар и маргинализзиран. Но, лудилото што го зафаќа Трст наликува на масовниот туризам кој му се случува на Сплит и Дубровник во последните години и реките народ кои се слеваат од големите крузери кои крстарат по Адриатикот.
Шопингот бил толку вносен бизнис, така што се што не било шопинг било бесмислено. Занатите биле поттиснати од бутиците и менувачниците. Жителите бегале од градот за време на викенд.
Бозер го завршува филмот со почеткот на војната. Разговара со еден од соговорниците кој забележува дека во сабота наутро нема ниту еден автобус. Тогаш сфаќа дека тоа е крај на една ера. Иако мелодрамски ефектен, тој крај не е баш точен. Бидејќи Понте Росо не умира поради војната. Умира поради економските промени кои ја глобализраа трговијата. Бидејќи лазањите на „Барила“, пелените за бебиња „памперс“ и тестенините ги имаше во секој локален дуќан. Градот кој живееше од тоа што еден ѕид падна, веќе не му беше потребен на светот во кој паднаа сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)