| четврток, 6 декември 2018 |

Документарниот филм за Дејвид Боуви доаѓа набрзо!

Документарниот филм “David Bowie: The Last Five Years” за животот на легендарниот музичар Дејвид Боуви наскоро ќе ја доживее својата премиера.

Филмот ќе прикаже архивски снимки и интервјуа на музичарот од изминатите 50 години кои досега не биле прикажани во јавноста и ќе биде прикажан на денот на неговиот 71 роденден, а документирани се моментите од последните години од неговиот живот како и борбата со ракот на црниот дроб.

Боуви беше еден и единствен, генијален додека создаваше музика, а во својата последна песна “Лазарус” откри како се борел со тешката болест, која се обидувал да ја сокрие од јавноста. Тој во спотот за новата песна лежи во болнички кревет пеејќи “погледнете горе, јас сум во рајот”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top