| четврток, 6 декември 2018 |

Документарен филм за култната македонска група: „Мизар – ѕвезда на надежта“ (ВИДЕО)

Марко Џамбазоски, студент на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на катедрата за филмска и ТВ монтажа и музичар во алтернативниот рок-бенд „Визија“, неодамна направи краткометражен документарен филм „Мизар – ѕвезда на надежта“.

mizar-1

Приказната на филмот ги обработува почетоците на „Мизар“ и трнливиот пат, во кој од обичен гаражен бенд, групата станува една од најзначајните музички состави во историјата на македонската рок-култура. Во филмот се користени, главно, досега необјавени аудио и видеоматеријали од бендот, од кои еден дел се демо-снимки, а други се земени од архивата на МРТВ.

Целокупната приказна во филмот е базирана на сеќавањата на членовите на „Мизар“ од тој период, и тоа на Горазд Чаповски, Панта Џамбазоски, Горан Таневски, Илија Стојановски и Слободан Стојков.

Сценариото, монтажата и режијата се на Марко Џамбазоски, а снимател е Александар Ристески, студент на катедрата по филмско и ТВ снимање. Филмот досега бил дел од неколку интернационални филмски фестивали, како што се:

Стариград Пакленица (Хрватска), ДОРФ (Хрватска), Скопскиот филмски фестивал (Македонија), Македокс (Македонија), КРАФ (Србија), Ориго (Србија), Зајечарска гитаријада (Србија).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top