| четврток, 6 декември 2018 |

Прво реми на Вардар на подготовките во Австрија

vardar-rabornicki-20

Македонскиот шампион, Вардар, одигра нерешено 1-1, со австрискиот бундеслигаш Волфсбергер на третиот контролен натпревар во рамките на летните подготовки во Бад Тацмансдорф.

По претходниот пораз од Терек со 0-1 и победата над Капфенберг од 2-1, „црвено-црните“ денеска одиграа без победник на дуел на кој противникот рано дојде до водство со голот на Шидл уште во 5. минута од средбата.

Сепак, македонските фудбалери во второто полувреме, во 54. минута од натпреварот, успеаја да израмнат со голот на Петар Петковски за конечни 1-1.

Тренерот Сергеј Андреев денешниот натпревар со Австријците го почна со следниот состав: Пачовски, Велковски, Најдоски, Новак, Брдаровски, Аломеровиќ, Спировски, Дашјан, Асани, Стојков и Миранјан.

Генералната контрола за Вардар пред двомечот со кипарскиот АПОЕЛ во 2. квалификациско коло од ЛШ ќе биде против хрватскиот шампион Динамо Загреб на 2. јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top