| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона повторно на гости во Скопје, браќата Лазарови еден спроти друг во ЛШ

Vardar Skopje vs Barcelona

Екипата на европскиот првак Барселона повторно ќе биде гостин во Скопје и ќе игра со макединскиот шампион Вардар, по денешната ждрепка во Виена со која се одреден групите во Лигата на шампионите.

Вардар ќе игра во Б групата со Барселона, Кјелце, Пик Сегед, Колдинг, Рајн Некар Левен, Кристијанштад и Монпелје.

Групата е исклучително тешко, но и атрактивна, па загарантирани се возбудливи и неизвесни мечеви во „Јане Сандански“, но и кога вардарци ќе гостуваат.

Вториот наш претставник Металург ќе игра во Д групата со Скјерн, Мотор Запорожје, Шафхаузен, Баја Маре, и со победник од квалификацискиот турнир.

Вардар е во повисоката класа според новата шема на ЕХФ за Лигата на шампионите, а Металург ќе може да игра осминафинале само ако го освои првото или второто место во првата фаза по групи.

Распоред на групите:

Група А: Кил, Веспрем, ПСЖ, Целје, Висла Плоцк, Загреб, Бешикташ, Фленсбург.

Група Б: Барселона, Киелце, Вардар, Колдинг, Пик Сегед, Некар Левен, Кристијанштад, Монпелје.

Група Ц: Ла Риоха, Брест Мешков, Чеховски медведи, Порто, Војводина, Прешов.

Група Д: Металург, Скјерн, Мотор Запорожје, Шафхаузен, Баја Маре, победник од квалификацискиот турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top