| четврток, 6 декември 2018 |

Секој Британец плаќа по 56 пени годишно за кралското семејство

крал

Секој жител на Велика Британија плаќа по 56 пени (малку над половина фунта) годишно, за одржувањето на британското кралско семејство.

Ваквиот податок е обелоденет денеска во Лондон, откако Бакингамската Палата ги соопшти годипните трошоци за изминатите 12 месеци, според кои во периодот 2014-2015 година, за кралицата Елизабета Втора и за кралското семејство од државниот буџет биле потрошени 35,7 милиони фунти.

Половината од тие средства, за кои се вели дека се на истото ниво како и дна година пред тоа, биле употребени за тековните службени должности на кралицата, а други 11, 7 милиони за одржување на кралските резиденции и објекти.

Една третина од годишните трошоци, практично, се направени за настаните и манифестациите на кои кралицата се појавува како официјален домаќин, во нејзината службена резиденација.

Зголемување на трошоците е регистрирано кај патувањата, за што изминатите месеци биле употребени 5,1 милиони фунти. Најголем трошок за кралското семејство и за државниот буџет, била минатогодишната осумдневна официјална посета на престолонследникот Чарлс и неговата сопруга, војводката од Корнвол, во Мексико. Вкупните трошоци за оваа посета изнесувале 446 илјади фунти.

Во завршната сметка за тоа колку ја чини Британија, нејзиното кралско семејство, е соопштен и податокот дека вработените во Бакингамската палата и во другите кралски резиденции и објекти, штедат и со намалувањето на бројот на боледувањата.Просекот на боледување и отсуство од работата овде изнесува 5,8 денови годишно, што е помалку од британскиот просек од 6,6 денови.

Кралицата Елизабета која годинава наполни 89 години, изминатите 12 месеци имала 196 јавни настапи, што за 113 помалку од претходната година и тоа се објаснува со нејзните поодминати години. Сепак, кралицата и нејзиниот сопруг, принцот Филип (94) се наоѓаат во службена посета на Германија.

Податоците за тоа колку троши кралското семејство и колку тоа ги чини Британците, се појавува во време кога владата најави темелна обнова на службената резиденација на кралицата, Бакингмската палата во центарот на Лондон, за што се предвидува да се потрошат 150 милиони фунти.

Водоводната, канализационата и електричната мрежа не е менувана уште од 1952 година, откако кралицата се наоѓа на престолот, а е потребно и симнување на азбестот што е поставен на палатата.

Владата во Лондон ја испитува можноста, во текот на реконструкцијата на Бакингамската палата, кралицата привремено да се исели од службената резиденција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top