До уругвајскиот репрезентативец Единсон Кавани вчеравечер пристигна шокантна информација која може да го одвои од националната селекција за четвртфиналниот дуел на Копа Америка со Чиле. Таткото на Едисон, Луис Кавани прегазил 19-годишно момче на мотоцикл. Момчето починало на пат кон болница, а неговиот татко сега е во притвор, со оглед дека бил во алкохолизирана состојба.
Уругвај утревечер во осминафиналето на Копа Америка ќе ги одмери силите со домашната репрезентација на Чиле.
„Разговараме со Единсон и му ја изразивме нашата поддршка. Ова се тешки моменти за него и тој самиот ќе одлучи дали ќе биде во составот или не“, изјави селекторот Оскар Табарез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.