Клaудијано Силва Кака ќе биде еден од адутите на АПОЕЛ во двомечот со Вардар во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Секако тоа не е оној вистинскиот познатиот Кака, но и двајцата се Бразилци и имаат одлична кариера.
Кака од Апоел игра во одбраната, а порано настапуваше за Депортиво Ла Коруња во шпанското првенство. АПОЕЛ има исклучително искусен и квалитетен состав, спој на домашни играчи и многу квалитетни интернационалци.
Бразилец е и Карлос Роберто да Круз, или популарно наречен Карлао, кој играше за Сошо во Франција, потоа тука се и Мартин Ланиг, кој настапуваше за Ајнтрајт Франкфурт, опасниот стрелец Рафик Џабур, потоа Нуно Мораиш, Јон Арне Рисе, играч што настапуваше и во Премиерлигата во Ливерпул.
Вардар прво ќе гостува во Никозија на 14. или 15. јули на „ЏСП арената“ со капацитет од 23 илјади гледачи, а реваншот е една седмица подоцна на националната арена „Филип втори“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.