Европската куќа на ракометот (ЕХФ) го награди македонскиот клуб Металург за минат труд и заедно со уште 6 клуба го покани повторно да игра во Лигата на шампионите.
Металурзите иако завршија како третопласирани во македонскиот шампионат, повторно ќе бидат дел од елитното европско натпреварување.
Тие ќе бидат во условно послабите групи Ц и Д во новиот формат на ЛШ. Во најсилното натпреварување секако ќе игра и македонскиот првак Вардар, а „црвено-црните“ ќе бидат дел од „горниот дом“ во посилната конкуренција во А и Б групите.
Од клубовите што побараа дополнително место во ЛШ, ЕХФ покрај на Металург им даде вајлд – карта и на Монпелје, ПИК Сегед, Висла, Фленсбург, Скјерн и на Ла Риоха Натурхаус. Ждребот за групите ќе се одржи на 26 јуни во Виена, кога ќе бидат познати и ривалите на двата македонски клуба во елитното ракометно натпреварување.
Еве ги составите на групите според критериумите на ЕХФ:
Група А и Б
Вардар (Македонија)
Барселона (Шпанија)
Кил (Германија)
Веспрем (Унгарија)
Колдинг (Данска)
Кјелце (Полска)
Загреб (Хрватска)
ПСЖ (Франција)
Рајн Некар (Германија)
Кристијанштад (Шведска)
Целје (Словенија)
Бешикташ (Турција)
Монпелје (Франција)
ПИК Сегед (Унгарија)
Висла Плок (Полска)
Фленсбург (Германија)
Група Ц и Д
Металург (Македонија)
Шафхаузен (Швајцарија)
Татран Прешов (Словачка)
Мешков Брест (Белорусија)
Чеховски медведи (Русија)
Ла Риоха (Шпанија)
Војводина (Србија)
Мотор Запорожје (Украина)
Порто (Португалија)
Баја Маре (Р0манија)
Скјерн (Норвешка)
Квалификации ќе играат:
Алпла Хард (Австрија)
Борац Бања Лука (БиХ)
Лимбург (Холандија)
Елверум (Норвешка)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.