| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележување на Меѓународниот ден на јогата

Уметност на живеење Македонија, индиската амбасада од Бугарија и Synergy Fitness & Spa центарот, Ве покануваат на обележување на Меѓународниот ден на јогата во Градски Парк – Школка, на 21 јуни 2015 година (недела), со почеток во 09.00 час под мотото „Јога вежби и техники за надминување на напнатоста и стресот”

Минатата година Собранието на ООН ја усвои резулуцијата за воведување на Светски ден на јогата која беше подржана од 177 земји во светот. Оваа година за прв пат во седиштето на Обединетите Нации прославата на меѓународниот ден на јогата ќе се одбележи во присуство на генералниот секретар на ООН, Бан Кимун и Претседателот на собранието Сам Кутеса, каде специјална јога сесија ќе одржи и демонстрира основачот на Меѓународната фондација Уметност на живеење, Шри Шри Рави Шанкар. Оваа сесија ќе биде емитувана во живо дирекно од Тајм Сквер во Њујорк, место кое се смета за глобална точка на светската популација.

http://www.un.org/en/events/yogaday/

Илјадници луѓе низ цел свет ке вежбаат јога и техники за намалување на стресот, приближувајќи ги кон секојдневниот модерен човек.

 

Имаме и ние можност, Република Македонија да биде дел од едно вакво глобално случување. Повелете во недела со почеток во 09 часот да практикуваме јога во природа и да ја почуствуваме добробитта од јогата и техниките на дишење.

 

Целта на Јогата е да се развие свесноста да се врати рамнотежата во телото и животот. Здравјето е наше најголемо богатство и во сочувување на нашето здравје јогата има непороценлива вредност. Со помош на јога вежбите ние ја истегаме, зајакнуваме и обликуваме мускулната и скелетна градба a на тој начин го корегираме држењето (ставот) на телото, го подобруваме здравјето и ги потикнуваме да се активираат сите телесни функции. 

Како резултат на редовно вежбање јога се намалува нивото на акумулиран стрес, што се одразува во работна и домашна средина, се зголемува мотивација и ентиузијазмот на личен и професионален план, се поттикнува самодовербата, се подобрува сопственото здравје и зголемува продуктивноста и личната способност. 

За учесниците се обезбедени, маица, здрав појадок, вода, здрав пијалок…

Програма: 
09.00 – 10.00 час со јога вежби 
10.00- 10.30 свечено обраќање на претставници од индиската амбасада и претставници од Министерство за Здраство  
10.30 -11.00 отворен час за Техниките за надминување на напнатоста и стресот

Учеството е БЕСПЛАТНО.

Повеке информации на https://www.facebook.com/events/1618931738319060/

Контакт личност Соња 071/98.10.11 [email protected].

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top