За американскиот пастор во црквата “Assemblies of God” јогата има „демонски корени” и смета дека следбениците на црквата треба да ја избегнуваат.
Џон Линдел води црква во Озарк во Мисури, чија конгреација брои околу 11.000 членови. Линдел објаснил дека јогата е демонска бидејќи има демонски моќи и ве прави подложни на учење на хиндуизмот, која исто така е демонска вера.
Пасторот на своите проповеди остро зборува против секое практикување кое не во склад со протестантската традиција. Така, покрај хиндуизмот, критикува и пагански традиции.
– Поздравот до Сонцето, една од позите при вежбањето јога, всушност е обожување на богот Сурие, хиндуистички бог на Сонцето – рекол пасторот на едно од своите предавања.
На ставот на пасторот кон јогата набрзо реагирале членовите на јога клубовите во Спрингфилд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.