| четврток, 6 декември 2018 |

Харадинај пуштен од притвор, но останува во Словенија

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај вечерва е пуштен од притвор по сослушување пред истражен судија во Крањ, но останува во Словенија додека не се разјасни дали потерницата по него е се уште активна или не.

Словенечката полиција по апсењето го изнесе Харадинај пред истражен судија во Крањ, изјави портпаролот на крањската полиција Бојан Кос.

Харадинај по сослушувањето е пуштен на слобода.

Државниот обвинител Маринка Јерај изјави дека наспроти тоа Харадинај мора да остане во Словенија додека не се разјасни дали потерницата по него се уште е активна или не.

Портпаролот на словенечката полиција потврди за приштинскиот портал „Лајми.нет“ дека на аеродромот во Љубљана денеска попладне е уапсен еден косовски државјанин.

Приштинските медиуми претходно објавија дека на љубљанскиот аеродром е уапсен лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај по потерница на Србија од 2004 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top