Лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај вечерва е пуштен од притвор по сослушување пред истражен судија во Крањ, но останува во Словенија додека не се разјасни дали потерницата по него е се уште активна или не.
Словенечката полиција по апсењето го изнесе Харадинај пред истражен судија во Крањ, изјави портпаролот на крањската полиција Бојан Кос.
Харадинај по сослушувањето е пуштен на слобода.
Државниот обвинител Маринка Јерај изјави дека наспроти тоа Харадинај мора да остане во Словенија додека не се разјасни дали потерницата по него се уште е активна или не.
Портпаролот на словенечката полиција потврди за приштинскиот портал „Лајми.нет“ дека на аеродромот во Љубљана денеска попладне е уапсен еден косовски државјанин.
Приштинските медиуми претходно објавија дека на љубљанскиот аеродром е уапсен лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај по потерница на Србија од 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна договор во Брисел: Нема размена на територии меѓу Косово и Србија
-
Швајцарски „Ноје Цирихер Цајтунг“: Како поранешниот косовски воен лидер Харадинај стекна толку големо богатство?
-
Харадинај: Ако Собранието го укине Специјалниот суд, Владата ќе го почитува тоа
-
Дачиќ: Ќе му се извиниме на Харадинај ако не добива редовно ручек во затвор